Македонската опозиција го „олади“ Пендаровски – нема да биде дел од срамниот обид за промена на традицијата

ВМРО-ДПМНЕ ја одби поканата на претседателот Пендаровски за заедничко чествување без говор на Илинден на Мечкин Камен. Од опозицијата велат дека одлуката на шефот на државата е срамен и недржавнички чин, оти Илиден треба да се одбележи со најголеми почести.

„Претседателот Христијан Мицкоски традиционално ќе биде присутен во струшко Ташмаруништа. А, Пендаровски со овој потег ја менува 30-годишната традиција на прославата за Илинден. Но кога некој човек нема визија за Република Македонија, не може ни да очекувате дека ќе има што да каже. И за тоа е ова резултатот. Навистина сме изненадени и ова е срамен и недржавнички потег“, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Дел од познавачите велат дека не ги изненадува одлуката на Пендаровски да се слави Илинден без одржување на говор, оти кога ќе се обраќа кон граѓаните ќе треба да го каже името на државата.

Ако држи говор ќе треба да спомне македонски народ, ќе треба да спомне Македонија. Ако тоа го избегне и не го направи , нормално е дека народот, еден дел ќе му свирка, а ако тоа го направи ќе го караат та Грци, та не знам кој. Ние за АСМОН 44та направивме нов Прохор Пчински во Пелинце, треба сега Илинден 903та да го минимизираат бидејќи он веќе го прогласи Гоце за Бугарин, целиот тој период полека се спремаат да им го отстапат на Бугарите, да ги сменат учебниците итн. вели за Алфа, Дарко Јаневски – новинар

Покрај аналитичарите и социјалните мрежи вријат по скандалозната одлука на Пендаровски да го смени концептот стар 30 години за славење на Илинден, дел од граѓаните велат со ваквиот чекор власта само си го покрива срамот за соочување в очи со народот.

  • Кој ќе го прифати повикот на Пендаровски и отиде на Мечкин камен е директен поддржувач на разнебитувањето на Македонија.
  • Ми се допаѓа ова со Пендаровски што кажал дека ги свиркаат и не сакал говор да држи, свесни се значи дека народот не ги сака и дека немаат баш образ да го погледнат во очи.
  • Знаете зошто ќе се обрати со видео порака ? Затоа што се плаши од сопствениот народ, од неговиот гнев кој се таложи овие години додека СДС и тој се на власт  Се плаши од сопствените лаги и од повиците Уаааа кои ќе ги слушне. Македонија е жива ! Да живее вечно !

Вчера Пендаровски на брифинг со новинарите кажа дека овој 2 Август нема да има говор на некој од носителите на власта во државата на Мечкин Камен, во Крушево. Наместо евентот да почне традиционално претпладне, настанот сега е поместен за во 18 часот. Причината е што Пендаровски сакал да остави доволно простор за сите лидери на политички партии во земјава, кои имаат настани поврзани со празникот во претпладневните часови, да можат да стигнат на Мечкин Камен за заедно да се одбележи празникот. Лично се поканети сите, вели Пендаровски. Од поголемите партии присуството го потврдиле Зоран Заев и Али Ахмети.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста