МАКЕДОНСКАТА МАШКА КОШАРКАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДЕНЕСКА ДОБИВА НОВ СЕЛЕКТОР

Македонската кошарка од денеска добива нов селектор на машката репрезентација. МКФ за рано попладнево закажа средба со новинарите на кои ќе им пренесе кој го наследува досегашниот предводник Алексанадар Тодоров кој не успеа низ квалификациите да не однесе на Еврошампионатот. Тоа според се ќе биде Драган Баиќ кој во моментов ја предводи екипата на Игокеа. 48 годишниот тренер има добри резултати со тимот од Александровац во Јадранската лига и тоа му е препорака за преземање на Македонија, која пак одамна не се нашла на некое големо натпреварување, во прв ред Европско првенство. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста