Македонската лингвистичка јавност бара целосно да бидат отфрлени позициите на Бугарија

Наспроти внимателниот и нежен вокабулар, но и  меката одбрана од нападите на македонската историја и јазик од Бугарија , лингвистите гласни, македонскиот јазик постои и Бугарија ќе мора да го прифати тоа. Првиот човек на институтот за македонски јазик, после долго време јавно проговори дека не може да се преговара за прашање кое не постои, зошто е јасно дека македонски јазик има.

Tука зборуваме за измислен проблем на дел од бугарските лингвисти кои што го наметнаа… Што ќе правиме ние? Се знае дека ќе се реши проблемот дека мора да го прифатат македонскиот јазик како реалност, тука нема дискусија, вели Елена Јованова-Грујовска – институт за македонски јазик Крсте Мисикров

Јазичарката Велковска вели дека е редно време лингвистите на хартија да се стават црвените линии.

Време е да се направи македонистички конгрес на кој ќе поканиме научници од целиот свет и особено од ќе ги поканиме колегите од Бугарија. Ние научниците оперираме со факти, да видиме на крајот на краиштата што е што. И конечно, ние лингвистите треба да ги зацртаме заеднички нашите црвени линии, кои вака ги зборуваме, меѓутоа да ги ставиме на хартија. Одамна познати, не е лошо да ги ставиме на хартија ако треба, за да се знае, вели Снежана Велковска– институт за македонски јазик Крсте Мисикров.

Јазичарите и претходно го кренаа својот глас за да го зачуваат македонскиот јазик, реагираа и откако Бугарија реши да ги прогласи сесловенските браќа Кирил и Методиј за Бугари. Според дел од лингвистите со ваквите чекори на негирање на македонскиот јазик, но и присвојување на просветителите, источниот сосед тоне во националистичка кал.

Претходно официјална Софија направи и  меморандум во кој се тврди дека македонската нација и јазик не постоеле до 1944. Ваквиот документ го испратија и до Брисел. Заев и тогаш и сега е многу внимателен во изјавите и  убеден е дека позициите на Софија,  особено за јазикот и нацијата нема да бидат пречка за нашата европска интеграција.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста