МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРИСТИГНА ВО ДУИЗБУРГ ЗА ДУЕЛОТ СО ГЕРМАНИЈА

-Најдобрата македонска фудбалска репрезентација пристигна во Дуизбург каде утре не очекува натпревар со Германија од квалификациите за Светското првенство во Катар, сладната година. Тој е трет во оваа початна мартовска низа во која тргнавме со болен и тесен пораз од Романија, а продолживме со убедлива победа над Лихтенштајн по што во моментов сме на делба на третото место во групата Ј. Со четирикратниот светски првак не сме играле до сега, ни во официјална, ни во пријателска средба, но без оглед на тоа, па ни на играчките отсуства, кај нив повеќе, кај нас само Несторовски, Германците се огромни фаворити. Тоа и не е, и не мора да биде лоша почетна позиција за предизвикувачот, кој има постојан раст и напредок, и која во последните години има и игра.. Дуелот на Македонија со една од најголемите репрезентации на светот на М С В арената во западниот германски град е утревечер од 20.45 и е дел од третиот круг во нашата конкуренција, во која во исто време Лихтенштајн го дочекува Исланд, а порано од 18 часот Ерменија и е домаќин на Романија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста