Македонската бизнис заедница предупредува дека може да се случи најцрното можно сценарио

Среде пандемија и економска криза, стопанството алармира од можно црно сценарио. Во услови кога едвај кубурат со пари, стопанствениците се жалат дека не можат да си ги наплатат долговите од државата, но се жалат и за еден куп други проблеми. Бараат итно да се најде решение за да може да преживеат. Предлагаат задолжница и за јавниот сектор но и законски измени во делот на извршувањето што го кочи процесот на наплата 

„Имаме ситуации и кога добиени судски пресуди немаат можност за извршување. Иако дел од општините и од државните компании имаат милионски долгови, нивните сметки не се блокирани за да се овозможи општините да го имаат минималниот износ на финансиски средства потребен за тековните работи. Оваа состојба ги става државните гиганти во прилично комотна позиција таложејќи си нови, а невраќајќи ги старите долгови. Неопходно е долгорочно одржливо решение затоа што се работи за проблем што е сериозна пречка за развојот на приватниот сектор“ – велат од Стопанска комора на Македонија.

Стопанството бара итно да се воведе и таканаречен полициски час за вработување во јавниот сектор, рационално трошење на народните пари, но и засилена поддршка за здравството, приватниот сектор, извозот. Последиците ќе бидат катастрофаллни ако не дај боже запрат транспорните коридори, посебно со Грција. Предупредуваат дека кризата може многу лесно да се претвори во катастрофално сценарио:

 „Последиците за определени индустриски гранки ќе бидат сериозни. Се повеќе компании ќе го намалуваат производството и ќе се затвораат. Со тоа ќе се зголеми невработеноста, ќе се намалат приливите на буџетот, ќе се зголемува сиромаштијата и ќе се намали можноста за помош од државата таму каде што е потребно“ – сметаат од велат од Стопанска комора на Македонија.

Колкав е ударот од кризата покажуваат податоците дека среде пандемија без работа останале 40 илјади луѓе. Ова покажува дека мерките на власта малку помагаат за стопанството да се одржи во живот. Бизнис заедницата до власта ќе достави и конкретна брошура во која ќе бидат наведени сите критични пунктови на кои мора да се работи, посебно во пост ковид периодот.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста