Македонска дипломатка најдена мртва во стан на Менхетен во Њујорк, најверојатно се самоубила

Македонска дипломатка во Обединетите нации, пронајдена мртва во својот став на Менхетен во Њујорк, со ремен околу вратот и две празни шишенца антидепресиви. Според американските медиуми најверојатно станува збор за самоубиство, со оглед на тоа што немало траги на насилство. Случајот го потврдија и од македонското МНР.

-Од Постојаната Мисија на Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата, информираат од МНР.

Во изјава за Фокс домарот на зградата во која живеела 38 годишната М.В., Хернан Авила вели дека се изненадени од смртта на нивната сосетка која 2 години живеела на четвртиот кат во зградата. 

-Тука живееше две години. Сите сме изненадени, беше симпатична и многу добра личност. Вчера доктори дојдоа горе, со амбулантно возило. Дојде некој маж, дипломат. Не знам, амбасадор или нешто слично. Ја побара неа, вели Авила.

Неофицијално младата македонска дипломатка во Обединетите нации подолго време страдала од депресија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста