Македонија земја на парадокси- зошто вчера протестираше власта?

После три години власт, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, реши да излезе на улица и да чекори за правда. Во јавноста гласно се поставува прашањето за што се маршираше, против кого протестираше власта, дали против себе? Одговор на ова прашање немаа ниту дел од оние кои маршираа, велат таму биле само да ја поддржат Владата.

-Да ја поддржам власта само, тоа е мојата цел. Знам дека е на правиот пат. Мое мислење е тоа, кажа пред камерата на Алфа еден од граѓаните.

-Излегов Владата да ја поддржам… Па поради тоа, вели друг граѓани.

На дел пак не им се допаѓаше присуството на Алфа која беше таму да известува од маршот.

-Не ја сакам, не ја гледам Алфа… Не ја гледам, така ете не ми се допаѓа. Ајде кај Мицкоски одете, и порача на екипата на Алфа еден од присутните на маршот.

-Кај опозиција оди збори таму со нив, порача друг граѓанин.

Некои пак беа и зачудени што бара новинар на маршот.

-Вие зошто се дојдени?, не праша еден од граѓаните.

Сепак поголемиот дел од присутните воопшто не сакаа да кажат зошто маршираат, за каква правда се борат

На синоќешниот марш и славното цела Шутка ВМРО, стана цела Шутка СДСМ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста