Македонија засега не стравува од евентуален наплив на заразени од делта варијантата

Заканата од индискиот сој на ковид 19 станува се’ по сериозна во светот, а Македонија засега не стравува од евентуален наплив на заразени од опасната делта варијанта. Иако голем дел од лекарите алармираа, дека е речиси извесно, дека преку летните одмори, вирусот ќе биде внесен во Македонија, според министерот Филипче олабавувањето на мерките е издржано со поволната епидемиолошка сосотјба, но не ја исклучува можноста од враќање на рестрикциите.

  • Трендовите на намалување на бројките продолжи и нормално е кога има такво намалување на бројките да има попуштање и обратно – ако има некакво зголемување или најава, ќе воведеме некакви рестрикции, вели Филипче.

Во однос на вакцините, Филипче најави дека Македонија утре очекува уште една донација, овој пат од Хрватска. Следна недела треба да пристигнат и дел од руските вакцини.

Дека состојбата со делта варијантата во светот станува загрижувачка, покажува и последната студија на францускиот институт Пастер, каде се прогнозира четврти бран на делта варијантата на вирусот наесен, доколку не се забрза вакцинацијата. Во овој момент 20 проценти од новите случаи во Франција, се  предизвикани токму од оваа мутација. Студијата предвидува, пикот на новиот бран да биде и до 2.500 хоспитализации дневно. Како главно жариште на ширењето на вирусот, се наведува невакцинираната полупација под 18 години, со  можни 50 проценти од вкупно заболените.Во последниве 4 недели бројот на случаи заболени од индискиот сој во Португалија се зголеми за 56 проценти, во Шпанија за 22 проценти, и за 90 проценти во Русија. Делта сојот прави пустош и во Британија со 26.000 новозаразени за само еден ден.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста