МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ОД АВСТРИЈА (3-1), НО СЕ УШТЕ Е ВО ИГРА ЗА ЕЛИМИНАЦИСКИОТ КРУГ НА ЕП

Поразот од 3-1 на македонската фудбалска селекција од Австрија во Букурешт беше вовед во натпреварите од третата група на Европското првенство по што синоќа во Амстердам во меч од истата конкуренција Холандија ја победи Украина со 3-2. Тоа се нашите следни противници. Имено во четврток порано, од 15 часот во Букурешт играме со Украина, а потоа се селиме во Амстердам за средба со Холандија на 21 јуни, и одново од 18 часот. Нашите шанси за 1/8 сега се намалени, но не и загубени, а за тоа сега ни е неопходен триумф во дуелот за три дена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста