Македонија за вакцините ќе се потпира на испитувањата од Европската агенцијата за лекови

Македонија ќе се потпира на испитувањата од Европската агенција за лекови за вакцините против Ковид 19. Квалитетот и нус појавите нема да ги испитуваме дома, туку ќе чекаме европските земји да го споделат искуството. Според македонските здравствени власти тоа било сосема доволна гаранција дека вакцините се безбедни.

За разлика од нас, Србија и Унгарија кои пак одлучија да ја користат руската вакцина„Спутник 5“, набавија неколку дози на примероци кои ги испитуваат во сопствените лабаратории, по што ќе одлучат, дали со неа ќе ги вакцинираат своите граѓани.

Во меѓувреме стигна и аларм од Светската здравствена организација која ги следи податоците од третата фаза на тестирање на вакцините од неколку производители. Оттаму предупредуваат дека сите потенцијални несакани ефекти на вакцините за коронавирус, се во надлежност на здравствените власти на земјите кои користат вакцини.

Портпаролката на Светската здравствена организација, Маргарет Харис, се огласи откако се појавија алергиски реакции во Велика Британија  кај луѓето кои ја примија вакцината на Фејзер.

 „Вакцините сè уште немаат дозвола за употреба во итни случаи, бидејќи најважно е прво да се грижиме за безбедноста. Луѓето не треба да бидат премногу нетрпеливи“, рече портпаролката на СЗО Маргарет Харис на брифинг во Geneенева.

Британските здравствени експерти предупредија дека луѓето кои имаат проблеми со алергии засега нема да примаат вакцина.

Секојдневно излегуваат бројни реакции од медицински експерти за вакцините за Ковид- 19.. Поранешниот член на српскиот кризен штаб, д-р Бранимир Несторовиќ, вели дека има многу непознати за вакцините и дека тие станале политичко прашање. Тој потсетува дека веќе на првиот ден од вакцинацијата во Велика Британија имаше анафилактички шокови, како реакција.

Ефектот врз плодноста не е познат, бидејќи студиите врз животни, врз глувци не се завршени. Давате на луѓе, а не сте тестирале на глувци… тоа ми предизвикува непријатност”, рече тој.

И Австралија нема да брза со одобрување на вакцините на Фајзер и Бионтек против коронавирусот, бидејќи  Австралијците треба да имаат апсолутно целосна доверба во вакцината смета премиерот Морисон. .

Соединетите Американски Држави може да се вратат во нормала до следното лето или раната есен ако сите ја примат вакцината против Ковид-19 изјави првиот човек за инфективни болести во САД, Ентони Фаучи. Советодавниот одбор за вакцини на американската Агенција за храна и лекови  изгласа одобрување за итна употреба на вакцината на „Фајзер“ и се очекува да биде одобрена за неколку денови.  

Сè зависи од тоа колку бргу ќе се одвива вакцинацијата и колку луѓе ќе сакаат да се вакцинираат. Ако сè оди во најдобар ред, би можеле да се вратиме во некоја форма на нормалност релативно бргу, во текот на летото или секако наесен“, изјави Фаучи.

Во Канада пак, вакцинацијата со вакцината на „Фајзер“ се очекува да започне од понеделник.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста