МАКЕДОНИЈА ВО ИЗМЕНЕТ СОСТАВ ВЕЧЕРВА ЈА ПРЕЧЕКУВА ГРУЗИЈА ВО 4.КОЛО ОД ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА ЛИГАТА НА НАЦИИ

Фудбалската сениорска селекција на Македонија вечерва ја пречекува Грузија во натпревар од 4-то коло во групата Ц од второто изднаие на Лигата на нации. Станува збор за селекцијата со која веќе следниот месец ќе имаме нов дуел но во финалето од првата сеозна на ова натпрварување кое и за двата тима ќе биде од исклучително значење, односно победникот ќе обезбеди место на ЕП кое ќе се игра во 2021-та година.  И во двата тима селекторите имаат проблем со составувањето на тимовите со оглед на тоа дека поради повреди недостасуваат неколку стандардни провотимци, но и онака овој меч ќе понудеше неколку тактички замени и решенија на одредени позции со цел да не се откријат сите можности на екипата пред финалната борба идниот месец. Оттаму селекеторот Игор Ангеловски во пресрет на денешниот натпревар најави дека дополнително во А националниот тим се повикани Тотре и Дориев од Шкендија, како и Мицевски од Вардар односно Китановски од редовите на Македонија ЃП. Неизвесен е настапот на Спировски, а со сигурнсот вечерва во составот нема да бидат Бејтулаи, Тошевски и Адеми, како и Муслиу и Барди кои ќе паузираат поради картони. Ќе ги нема и Хасани како и Елмас. Се на се далеку поинаков состав од она што досега сме навикнале да го гледаме во репрезнетативниот дрес кој ќе треба вечерва од 20:45 на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје  да им се спротивстави на Гурзијците во битката зп првата позиција во нашата група 2. Натпреврот ќе го суди младиот Полјак Бартош Франковски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста