Македонија во чест на „Свети Климент“

Каде се наоѓаат моштите на првиот Македонски Архиепископ Свети Климент Охридски? Преданијата говорат дека чудотворецот самиот го ископал својот гроб на Плаошник од каде ја ширел писменоста. Дел од мошите и денес се таму, во сребрена кутија изработена од филигран,во дрвен саркофаг достапен за поклонување на верниците. Остатоците од черепот се чуваат во манастирот „Свети Јоан Продром“ кај Бер, денешна Верија, Грција. Пред неколку години МПЦ ѝ подари честица од моштите на свети Климент на пловдивската митрополија. 

Но вечна е дилемата и за историчарите и за хроничарите, каде исчезнаа поголемиот дел од неговите мошти? Она што се знае е дека за време на отоманската империја моштите од Плаошник, биле пренесувани во две цркви во Охрид, за на крајот –како што отворено пишуваат, со купување или крадење, да завршат меѓудрогото и во Бугарија.Во 1913 година на прагот на првата светска војна, во период помеѓу двете балкански војни, бугарскиот митрополит Борис однел во Бугарија многу вредни предмети со обврска да ги чува, за потоа кога ќе поминат тие несигурни времиња, да ги вратат во Охрид,но тоа никогаш не се случило.

Во врска со ова,во својата плодна и долгогодишна работа,истражувајќи универзитетескиот професор од Охрид Павле Митрески дошол до многу вредни и значајни списи,оригинални документи и фотографии кои говорат за тоа што се случувало,посебно за време на бигарската окупација.

-Овдека се земени од црквите многу интересни, уникатни верски предмети, ракописи,земи се и предадени со записник наводно за некоја изложба во Софија со обврска да ги вртат.И ден денеска ги враќаат,ние ги немаме тие.Од кои цркви беа? Од Свети Климент Перивлепта.Не случајно такви напади се вршени врз верските институции и пљачковувани.Имаме многу земани матерјали однесени во Бугарија, изјави историчарот Павле Митрески

Во училиштата во Охрид кој што бугарите посебно го чувстувале како свој град, децата биле принудени да зборуваат исклучиво на бугарски јазик, а писменоста ја ширеле буграски учители,што значи декаширењето на историски невистини датира одамна –вели Митрески.Затоа во овие тешки времиња за нашата држава, Македонија мора да повлече црврна линија.

– Црвена линија да постават, а таа црвена линија е многу важна, се знае кој се тие фундаменти на една држава: територија,народ,јазик ,култура.Она што го изјавуваат на медиумите и во Македонија и во Бугарија навистина претставува злочин према нас.Нас не убиваат, а тие со тоа се гордеат за жал, дополнува Митрески

Каде одиме ние,не не оставаат на мира, ја расчеречија државата.Оставете го народот да живее.Ова што се случува се игри наполитиката, апоследиците ги трпи обичниот човек –завршува професор Митрески.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста