Македонија влегува во портокалова фаза, температури ќе се искачат над 40 степени целзиусови

Македонија од денеска влегува во потрокалова фаза поради силниот топлотен бран кој ќе се задржи во текот на целата недела со температури повисоки од просечните дури за 10 степени. Максималните температури ќе се движат од 35 до 42 или 43 степени, а у-ве индекост ќе има многу висока вредност односно ќе се движи меѓу 9 и 10. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено и ќе се засилува. Во следните денови ќе биде присутна и сахарска прашина и песок, со што атмосферата ќе биде заматена и ќе има намалена видливост, а можно е да се регистрира и поголемо загадување на воздухот. Инаку, бранот ќе се задржи до почетокот на идната недела.

Во пресрет на високите температури лекарите предупредуваат да се биде многу внимателен, а владата усвои сет на мерки за заштита на населението од топлотниот бран.

Лекарите велат дека во овие денови е многу важно да се внимава и да се избегнува излегување надвор во најтоплиот период од денот, од 11-17 часот, особено повозрасните луѓе и хронично болните. Треба да се внесуваат повеќе течности, да се носи соодветна заштита од сонце и да се почитуваат заштитните мерки во поглед на корона вирусот.

Во истовреме, владата усвои низа мерки кои предвидуваат ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во градинките да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници велат од Владата.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Во исто време, владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од 4 дена.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста