МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ПРОТИВ ФИНСКА ГИ ОТВОРА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП

Селекторот Данило Брестовац го дефинираше тимот од 16 ракометари, со кои вечерва во Скопје ќе им се спротистави на Финците во првиот меч од евро-квалификациите.

Како последни испаднаа Кизиќ и Кукоски, а на располагање останаа Лазаров, браќата Маркоски, Стоилов, Георгиевски Гоце, Георгиевски Дарко, Манасков, Пешевски, Маџовски, Талески, Кузмановоски, Серафимов, Мишевски, Костевски и голманите Митревски и Томовски. Од претходно поради позитивни корона-тестови ги нема Поповски, Велковски и Танкоски. Кај Финците недостига Ронберг, а во ростерот е се врати Таминен.

Противникот на хартија важи за аутсајдер, за тоа сведочи и традицијата, во која немаме пораз на досегашните два одиграни натпревари во 2005 година. Таму нерешено 30-30, а во Скопје славевме со 36-30. Трета меѓусебна пресмета е вечерва од 20 часот во салата „Борис Трајковски“, каде Македонија го почнува патот за пласман на седмото, а шесто по ред Европско, за разлика од Финска, која во својата ракометна историја има само едно Мундијалско учество во далечната 1958 година. По овој меч, Македонија в сабота игра на гости во Швајцарија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста