Македонија вечерва ќе навива за Турција за испишување на одбојкарската историја

По стартот со три порази во групната фаза, македонската одбојкарска репрезентрација стигна до две победи, а после вчерашната против Словенија, нашите одбојкари дојдоа до шанса за пласман во осминафиналето, но за тоа вечер ќе мора да Турција да дојде до победа над Финска.

Друга математика и опција не постои. Турција вчера успеа да победи против Белорусија и сега цела Македонија ќе навива и вечер да победи против Финска.

Мечот се игра вечерва во 20:30 часот.