Официјален демарш – Од Софија се бара  извинување за пропустот со македонското знаме

Официјален демарш – Од Софија се бара извинување за пропустот со македонското знаме

Протестна нота за Бугарија откако отстапи од договореното да постави македонско знаме во претседателската палата во Софија. Македонија официјално  бара официјална Софија да се извини, но и да објасни зошто знамето на Македонија го намаше на заедничката фотографија на претседателите. Ова според информациите на Алфа било договорено, а потврда за тоа бил работниот ручек на кој имало знамиња од двете држави, а следуваше по средбата помеѓу Сиљановска Давкова и Радев. Од МНР брифираат дека деталите за средбата вклучително и поставување на знамињата биле договорени помеѓу протоколите на двете државни во Софија уште пред да замине македонската делегација на чело со Сиљановска Давкова.

Премиерот Мицкоски соошти дека начинот на кој што Македонија го решева овој случај е дипломатски и покажува дека повеќе не практикува дипломатија на каква што бевме сведоци во минатото.

  • „Но, она што е поважно за мене е што Европа и светот можеа да видат на отворена сцена, а тоа го очекувавме, кои се вистинските намери на водството во Софија. Не се вистинските намери Бугари во Устав, тоа е најмалиот проблем, таму малку поголема или да бидам прецизен, многу поголема е потребата да покажат мускули и да ги покажат своите вистински намери. Уште еднашка, Европа и светот можеа да видат дека не е Бугарите во Устав вистинската намера на официјална Софија, туку многу многу повеќе од тоа“.

Бугарскиот претседател Радев се правда – средбата не била на државно ниво туку работна па поради не било поставено македонското знаме. Според него, разговорите во петокот со македонската претседателка биле конструктивни и како што вели со добар тон.

  • „Нека биде јасно, ова не беше ниту државна, ниту работна посета и се надевам дека во блиска иднина претседателот на Република Северна Македонија ќе оствари државна посета, која ќе биде со сите официјални церемонии по протокол, и тоа ќе придонесе и за нашите односи“, изјави денеска Румен Радев , кој истакна дека средбата во Софија била конструктивна и со добар тон, додавајќи дека имал покана за посета на Северна Македонија.

Средбата со Радев беше позитивно оценета и од Сиљановска Давкова, која всушност во Софија замина со фокус на т.н. културна дипломатија. Главната цел на нејзината посета беше изведбата на операта „Набуко“ од македонската опера и балет во Софија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста