НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија се уште се однесува како да нема гасна криза

Доколку Бугарија го прекине снабдувањето со руски гас, Македонија нема алтернатива, сметаат експертите. Државава целосно зависи од одлуката на Бугарија, зошто целосното снабдување оди преку нашиот сосед.

Експерите велат  дека Бугарија може да ги спроведе сакнцииите но не може да го спречи протокот на гасен цевковод кон Србија.  Можностите за нас да се снабдеме со гас се или приклучок кон таканаречениот трансбалкански гасовод, или набавка на течен гас кој не би бил доволно за да се задоволат потребите на македонското стопанство. А и самиот транспорт на течен гас е проблем поради малиот број на постројки. Накратко, за краток период, не може да се направи ништо доколку Бугарија се откаже од рускиот гас

Значи ако Бугарија и НАТО придржуба со Европска заедница решат дека ние ќе се откажеме од купување на гас од Русија, тогаш сме ние оставени на суво. Што значи фирмите што користат природен гас немаат можност во догледно кусо време да снабдуваат со природен гас во потребните количини, кои сега се потрени на Македонсксото стопанство. Тие се некаде од 450-500 милиони кубни метра на годишно ниво. Можат мали количини да се снабдат на течен нафтен гас, Но такво нешто да се направи во оваа година е многу тешко, вели професор Константин Димитров

Снабдувањето со природен гас во земјава е осигурано до 15-ти април, потврди Министерот за еконимија Крешник Бектеши. Министерот неодамна испрати убедување дека граѓаните се обезбедени до крај на грејната сезона, а што се однесува до индустријата ќе се разговарало од 1 мај.  Според експертите, на ова требало да се размислува многу порано и подолгорочно за да се обезбеди алтернатива.

Македонија ако не купи гас од Русија тешко ќе може да се задоволат сопствените потреби.  Не е ништо преземено да се заштити македонското стопанство во доменот на снабдување со гас. Ништо не можеме да направиме бидејќи не сме подготвени. Ако се размислуваше подолгорочно чќе се проиготвевме да имаме алтернативи. толку сме ориентирани да станеме члебнки на НАТО и ЕУ што ништо друго не не интересира, додава Димитров.

Рускиот претседател Владимир Путин, донесе одлука со кој странските купувачи на гас мора да го плаќаат во рубљи, по што земјите на ЕУ почнаа да бараат алтернативи, а нашите власти се надеваат на помош од Бугарија и оти ќе можат да ги користат алтернативите кои би ги користел нашиот сосед.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста