Не требаше температурите да паднат многу под нулата за на скопјани да им се врати најголемата мака во зимските месеци, огромното загадување. Така, синоќа мерните страници ширум главниот град покажаа еднормна загаденост речиси во сите општини.

Апсолутен рекордер, се разбира во негатвна смисла, беше Ново Лисиче каде загадувањето достигна над 500 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен околу 22 часот.

Како што може да се види на измеретните вредности на апликацијата Мој воздух, ниту Гази Баба и Ректорат не беа многу далеку, па и таму синоќа загадувањето беше алармантрно со 198 и 167 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен.

Фактот кој е најзагрижувачки е тоа што се уште ги немаме достигнато најниските зимски температураи кои знаат да достигнат и до 10-20 степени под нулата, а останува само да се надеваме дека тогаш овие индекси нема да достигнат четвороцифрена бројка…