Македонија се надева на вакцина од Бугарија – Софија порачува прво за нас, за вас ако остане

Тежок и долг ќе биде патот на Македонија до вакцината за Ковид19. Земјава нема да стартува со имунизација на наслението како земјите членки од ЕУ на 27 – Декември. За почеток, вакцината ќе ја чекаме од соседните земји. Покрај Грција, и Бугарија изрази волја, да ѝ подаде рака на нашата земја во  обезбедување на ковид вакцината. Ама бугарската помош е условена – ако Бугарија има вишок вакцини, тогаш ќе и ги даде на Македонија.

„Кога ќе можеме и по склучувањето на меѓународните договори, ќе вложиме сили за соработка и координација во борбата со ковид-19, вклучувајќи и испитување на можностите за обезбедување на вакцини против ковид-19 за граѓаните на Македонија“,  – се вели во соопштението на бугарската влада.

Спортивно од официјална Софија, министерот Филипче уверува дека во најскоро време Македонија ќе ја добие донацијата на вакцини од источниот сосед. Но конкретни инфромации кога ќе пристигнат  и колку вакцини ќе добиеме нема. Инаку, денешната прес-конференција на министерот иако беше најавена дека ќе се одржи пред МЗ на отворено, сепак пресот се одржа во затворена просторија – спортивно на протоколите на самото министертсво.

“Бугарија како донација ќе одделува слободна количина вакцини од секоја набавка која ќе ја добива во следниот период преку сите форми на договор со компаниите. Во овој момент ни тие не знаат кога ќе стигнат првите колични, 500 до 1 000 до крајот на година, но најверојатно тоа ќе биде од количините на почетокот на следната година“, рече Филипче.

Додека Македонија ги чека донациите и од Бугарија, Грција и Полска, како и вакцините преку Ковакс механизмот, првите 4.800-тини вакцини на Фајзер денеска пристигнаа во Белград. Имунизацијата во Србија почнува наредната недела, а први во редот најверојатно ќе  бидат најранливите, односно корисниците на домовите за стари лица. Србија е единствената земја во регионот која ги добива вакцините директно од Фајзер.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста