За пет пати е зголемена смртноста од Ковид-19 во земјава – зошто толку луѓе ни умираат ?

Македонија останува европски лидер по смртност од Ковид19. Според вчерашните драматични бројки, земјава има далеку најмногу починати на еден милион жители во споредба со сите земји на стариот континент. 40-те нови жртви покажуваат дека смртноста изнесувала 2,8 отсто што значи процент на починати од вкупниот број на заразени случаи. БиХ има стапка на смртност од 2.6%, Албанија и Бугарија 2.2%, потоа е Црна Гора со 1.4%, додека Хрватска и Србија имаат стапка на смртност од 1.2%. Хрватска и Србија иако имаат вкупно поголем број на заболени од коронавирус за разлика од Македонија, но таму процентот на починати лица со бројот на заразени е двојно помал.

Според интернистот д-р Анѓелко Ѓорчев сотојбата е излезена целосно од контрола, а фаталните бројки се должат на како што вели неправилните протоколи. Д-р Ѓорчев алармира и за целосен колапс на здравствениот систем – ако сите болници бидат ковид центри.

“Тоа значи дека ако сите болнички капацитети бидат пополнети каде и како ќе се лекуваат останатите болни? Особено оние со хронични болести, невролошки и акутни болести,  во таква ситуација министерството за здравство нема решение. Ние сега во една таква тешка ситуација немаме протоколи како во другите земји во регионот…кога добро ќе се осмислат протоколите за лекување на асимптоматски болни со ковид, на болни со лесни ,средни и тешки симтоми кои се индикациите за упатување во болница – ние наместо протоколи , имаме хаос.“ – вели проф. Д-р Анѓелко Ѓорчев – специјалист по пулмологија и алергологија.

Според, д-р Ѓорчев ако итно не се превземат поригорозни мерки, во следните месеци бројот на починати и заразени ќе расте уште повеќе.

“Ако имаме во Агенцијата за вработување невработените медицински сестри, доктори и специјалисти или пак некои ги држат на чекање – на пример им даваат мала плата, сите треба да се активираат – тие се потенцијали кои треба да се искористат во интерес на нашите граѓани, болни лица.Во оваа ситуација не треба да се штеди.” – вели проф. Д-р Ѓорчев.

40-те починати од ковид 19 повторно го отворија прашањето дали ќе има нови порестриктивни мерки. Последните официјални информации се дека не се  планираат поригорозни мерки.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста