Македонија пред ново не за ЕУ-Петков ветува дека ќе ги прекине опструкциите

И ветувањата за позитивни сигнали во декември остануваат само уште една во низата изгубени шанси за македонските интеграции. Обидите да се променат бугарските ставови во однос на Македонија се никакви и на денешниот состанок на министрите за европски прашања во Брисел. Оптимизмот на македонските власти спласна и за овој состанок со образложение дека не ништо изгубено, ама надежите наместо во брзо добивање датум за преговори сега се положуваат во заедничкото интегрирање на Македонија и Албанија во пакет. Министерот за надворешни  Бујар Османи не очекува да се случи раздвојување на Албанија и Македонија .

– Се надевам дека сериозноста ќе биде на последиците од ова одложување, од ова неефектуирање на сопствените одлуки од страна на ЕУ, кои што значително ќе влијаат на довербата на самата Унија во регионот и ќе доведе до ситуација и двете држави да почнат најдоцна во јануари со преговорите, рече Османи.

Опцијата за издвојување на Скопје и Тирана нема поддршка од европските министри освен од бугарскиот.

– Јас сум многу задоволна со вестите од Бугарија дека сега се отворени за разговор за да продолжи дијалогот, изјави денеска министерката за Европа на Германија Ана Лирман.

Француската министерка за европски прашања Натали Лоазо, вели дека на Скопје треба да му се даде сигнал и да се почнат преговори но потенцира дека нема гаранции дека тоа би се случило идната година.

Можноста Софија да го тргне ветото за Македонија денеска или за време на средбата на европските челници во четврток и петок сега е во рацете на земјите членки и нивната волја и способност да ја убедат Бугарија. Софија инсистира договорот за пријателство да биде поврзан за процесот на проширување за Македонија и токму ова да биде наведено  во заклучоците за Македонија што треба да произлезат од денешниот министерски состанок.

Новиот бугарски премиер Кирил Петков во интервју за Фајненшел Тајмс најавува дека спорот со Македонија ќе биде надминат за шест месеци, а со тоа ќе биде кренато и бугарското вето, сепак нема да отстапат од нивните ставови Бугарија да не биде фашистичка земја во македонските учебници.

-Ќе престанеме со попречувањето на Северна Македонија за членството во ЕУ. Во македонските учебници Бугарија не треба да се нарекува фашистичка. Ќе ги поставиме дикусиите со Северна Македонија на нова основа. Ќе користиме работни групи за да бараме решенија за прашања како заедничка економска активност, инфраструктура, култура и историја, вели Петков.

Како што веќе еднаш беше случај, не е исклучена ниту опцијата Европската Унија и оваа година да остане без заклучоци за проширувањето. Главна пречка беше инсистирањето на Бугарија да биде вметната реченица за „погрешно толкување на историјата” во делот за Македонија но и негирањето на македонскиот јазик. ЕУ понуди компромис, но компромис не се постигна.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста