МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ВО ИГРА ЗА „ВАЈЛД-КАРТА“ НА СП 2021

За ракометна репрезентација на Македонија сеуште постои реална шанса за учество на претстојното СП во Египет, јануари 2021 година. Ова откако Коронавирусот создаде проблеми на квалификациските турнири ширум Америка и истите се откажаа. Така се отворија две нови места, за кои Светската ракометна федерација во најскоро време треба да донесе одлука кои репрезентации ќе ги наследат. Прогнозирањата велат дека Чиле ќе го добие билетот за Јужноамериканците, а вториот ќе и припадне на Европа. Тука огромни шанси за покана има нашата селекција, која извиси при двете вајлд-карти, кои претходно им беа доделени на Полска и на Русија. Оттука разбирлив е присутниот оптимизам во РФМ, со кој би се одржал континуитетот на настапи на големите натпреварувања.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста