Македонија потоната во корупција

Политички реваншизам, партиски вработувања, клиентелизам – начинот на функционирање на политичките елити го поткопува интегритетот на институциите а довербата на граѓаните во нив се намалува – остри критики од антикорупциска, на меѓународниот ден на борбата против корупцијата, стигнаа директно на адреса на власта.

Како најголемо општествено зло, корупцијата ја поткопува демократијата и човековите права – антикорупциска алармира, нивните заложби не го даваат очекуваниот резултат, оти Македонија постојано е меѓу првите земји, на светските листи за корупција.

Овие наши заложби не го даваат очекуваниот резултат, пред се поради фактот што се уште се високи ризиците од корупција што ги детектиравме при подготовка на Националната стратегија во пред повеќе од две години. Тоа се силно политичко влијание, неказнивост, нетранспарентност и злоупотреба на дискреционите овластувања. Поради постоење на овие ризици не се целосно испочитувани препораките и укажувањата што ДКСК ги упатува кон останатите институции во системот, истакна претседателката на Антикорупција.

Дека заложбите на антикорупциска не даваат резултат, покажува моменталната состојба со корупцијата која не се подобрува, иако високите ризици биле детектирани пред повеќе од две години, кога ја подготвувале Националната стратегија. Според Ивановска, власта не ги почитува целосно препораките и укажувањата што Комисијата ги упатува кон надлежните. Извозот на образовен човечки капитал во странство кој постојано е во пораст е уште еден доказ дека барем за сега, власта не нашла начин да се избори со корупцијата.

Антикорупционерите сметаат дека за надминување на оваа состојба, потребно е да се воспостават политики, системи и мерки, за луѓето да зборуваат и да кажат не за корупцијата. Според нив, свеста кај граѓаните расте, а очекувањата се да расте и нивната подготвеност да пријават незаконитост и корупција, но сега се е во рацете на власта која и покрај критиките на упатените, не го дава очекуваниот резултат. 

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста