МАКЕДОНИЈА ОСВОИ МЕДАЛ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО, А СО КАКОВ СЈАЈ ЌЕ ВИДИМЕ ПОПЛАДНЕВО

По полуфиналниот триумф на Дејан Георгиевски над Кореецот Ил Кјо Дон на теквондо турнирот во Токио, македонскиот спорт за прв пат од осамостујувањето дојде до финале на Олимписки игри и си обезбеди минимум сребро иако нашиот извонреден теквондист со трите утрински победи во Токио најави дека ќе биде рамноправен партнер и во самата завршница во категоријата до 80 килограми против Русинот Владислав Ларин. Тој меч е од 14.45 и за нас е нешто најдобро во сите овие 40 години. На патот до овој незабореван, епски момент, Георгиевски тргна со победа против Светскиот првак Кубанецот Рафаел Алба со 11-8 и тоа во една извонредна борба во која Георгиевски убедливо ги доби првите две рунди со 5-1 и 5-2, а потоа само ја сочува предноста. Тоа беше осминафинале по што уште рано во овој ден, во второто коло во Макухари месе спортскиот центар во јапонската престолнина Дејан се соочи со Сејду Гбане од Брегот Слонова Коска и одново блескаше. До конечните 9-4 нешто поинаков пристап и без многу разменети удари во првата рунда, а потоа Георгиевски се наметна, постојано засилуваше и пред крајот си обезбеди голема и комотна разлика која го спроведе во полуфиналето. Во нешто повеќе од три часа нашиот, и претходно говоревме голем адут во Токио, ја имаше и третата борба и тоа со Кореецот Ин Кјо Дон. Таа започна полошо, Дејан губеше со 1-0 по првите две минути, но потоа феноменално издание и пет поени по ред за водство од 5-1 и вкупни 5-2 во пресрет на последната рунда. И тука без калкулации Георгиевски билдаше предност која порасна на 7-3, а во еден миг стаса и до 12-4 по што беше јасно дека Македонија по долго, долго чекање, дочека да има финале на Олимписко натпреварување.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста