Македонија останува на слеп железнички колосек

Од најмодерна во Југоисточна Европа, до најлоша во регионот. Македонската железница тоне, а граѓаните и бизнисот и натаму никако да добијат привилегија која доликува на земја кандидат за ЕУ. И три девцении по самостојноста железнички сме како на слепа пруга. Ниту сме поврзани со исток и запад, а пругата кон југ и север е од минатиот век. Возовите возат со брзина од не повеќе од 60 км на час.

Скопската Железничка станица и покрај напортите за модернизација, и натаму останува кор сокак на балканот. Патниците сакаат да се возат во модерни и брзи возови, како во сите развиени земји, но тоа кај нас засега го нема. Велат дека сегашната состојба е катастрофална, и не веруваат дека може човек во земјава да го среди овој неред.

Но не беше секогаш така. Пред некоклку години се случи мал блесок со набавката на кинеските возови во времето на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Но се заврши и остана со неколкуте патнички гарнитури. И толку. Во тоа време се набавија и нископодни вагони за потребите на стопанството. 

За разлика од кај нас во соседна Србија брзата железница веќе станува реалност. Брзата пруга кон Будимпешта ја промовираа премерот на Унгарија, Виктор Орбан, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Ваквиот транспорт ќе стане развоен јазол за туризмот и трговијата на унгарската и српската култура и народи.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан притоа повторил дека Србија одаман требало да стане членка на Евроспката унија.

  • Сите добро знаеме дека Србија е портата на Балканот и клучната земја за безбедноста на Европа. Вистина е и дека знаеме дека Србија веќе со години е подготвена за влегување во ЕУ, рекол Орбан на свеченоста кај местото Хоргош, близу српско-унгарската граница.

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакнал дека обвновениот железнички правец ќе ги зајакне економските, културните и пријателски врски меѓи Србија и Унгарија, како и меѓу Србите и Унгарците, пренесува агецијата Танјуг.

  • Граѓаните и стопанството ќе имаат дриректе пристап до пристаништето Баја на Дунав и пристаништето Сегед на Риса, како и до логистичките центри во Војводина и Белград. Пругата Суботица – Хрогош ќе биде приклучена на брзата пруга Белград – Будимпешта, со што корисниците добиваат пристап до југоистокот и северозападот на Европа, навел Вучиќ.

Колку за потсетување, уште во 80-тите години Македонија ја доби најмодерната Железничка станица, најубава во тогашна Југославија и во регионот.

Сегашната слика е поразителна. Спијат бездомници, во делови од станицата, каде јасно се гледаат расфрлани пакети по ќошовите од ходниците.

Железници Транспорт е едно од претпријатијата кои постојано е на листата на должници. До сега, доспеаниот, а неплатен долг изнесува 60,5 милиони евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста