Македонија останува без музичари-фелата крајно разочарана што не и се дозволува да работи

Македонија полека останува без музичари. Речиси една година , музичката фела е најпогодена од пандемијата.Нема настапи,нема приходи-крајно разочарани што власта ги игнорира,многумина се збогуваат со музиката.За парче леб  бараат друга работа или размислуваат да  ја напуштат државата.Ова што се случува е велат неправда,оти не гледаат зошто не им дозволуваат да работат,кога има начини и за тоа.

Сме имале по 4-6 настапи месечно најмалку.. Можеше музиката да биде во едно ќоше сместена, да се работеше за една дневница барем, за да можеме да опстанеме.Не за да профитираме, барем да може парче леб дома да се донесе“, вели Никола Хаџиев -музичар.

И угостителите,кои од почетокот ,први се на удар на пандемијата, едвај врзуваат крај со крај.Нивниот сектор велат е поврзан со музиката,која и тоа како влијае на посетеноста, а со тоа и на подобар профит,оти помошта од  државата е само да се задржи персоналот и толку.

“Тоа е се дел од угостителството,дел од бизнисот и тоа има влијание.Сите угоститетли моментално се негативно настроени кон тоа,сакаат музиката да се врати,затоа што таа придонесува да имаме позиитивна недела на работа, месец или како и да е“, изјави Ненад Петровиќ- угостител.

Музичката и угостителската фела реагира дека за разлика од нив,многу други дејности и сектори,кои подразбираат фрекфенција на голема маса луѓе,продолжуваат со непречена работа.Затоа бараат разбирање од властите,а не за едни да бидат мајка,за други маќеа.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста