МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА 65. НА НАЈНОВАТА ФИФА РАНГ ЛИСТА

Македонската сениорска фудбалска селекција останува 65-та на најновата ФИФА ранг листа што значи нема промени во однос на претходниот месец, а што се однесува до ланскиот ранкинг во ова време станува збор за подобрување од три позиции. Ова е мал напредок со оглед на сите победи годинава, па и обезбедениот пласман на Европското првенство. Таму пак не очекуваат 14-тата Холандија, 23-тата Австрија и 24-тата Украина. Најсилниот противник во квалификациите за Светскиот шампионат по две годинуи, Германија е 13, а на врвот и натаму се Белгија, Франција и Бразил.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста