Македонија нема да испрати протестна нота до Португалија, за Димитров изјавата на Закаријаш е несреќна

Ниту протесна нота, ниту било каков демарш нема да испрати Македонија до Португалија по вчерашната изјава на тамошната државна секретарка Ана Паула Закаријаш дека македонскиот јазик сега е северномакедонски кој произлегол од бугарскиот. По португалскиот шамар, за владата ваквата изјава била несреќна па оттука наместо сериозни укори за директниот удар врз идентитетските прашања и рушењето на македонските позиции во преговорите со Бугарија оствариле само разговори со Лисабон, потврди вицепремиерот Никола Димитров.

По изјавата на Закаријаш премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја преиспитува автентичноста на нејзините зборови, а во меѓувреме бугарската агенција БГНЕС ја објави целата снимка со изјавата на португалската државна секретарка во која не само што вели дека јазикот е северномакедонски и дел од бугарскиот, туку и нас не нарекува северномакедонци.

-Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција – сетете се дека го смени името на земјата. Но, тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со северномакедонски јазик, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји, вели португалската државна секретарка.

И повеќе од еден месец откако во Скопје и Софија беше донесено португалското решение за бугарското вето, вицепремиерот Димитров прв пат на прашање на Алфа открива дека предлогот имал формулација – македонски јазик за ЕУ кој предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста