МАКЕДОНИЈА НАПРЕДУВАШЕ ЗА ЕДНО МЕСТО НА НАЈНОВАТА ФИФА РАНГ ЛИСТА

Октомвриските резултати и донесоа напредок за едно место на нашата фудбалска селекција на најновта ФИФА ранг листа која беше објавена денеска. Земјава сега се наоѓа на 65 место и има подобар пласман од Бугарија, Ел Салвадор и Албанија, додека пред нас се Црна Гора, Хондурас и Словенија. Македонија на почетокот од месецов го победи во Скопје Косово со 2:1 во полуфиналето од првото издание на Лигата на нации, потоа одиграа нерешено 3:3  на гостувањето во Талин со Естонија, а со реми од 1:1 заврши и домашната пресметка со Грузија во второто издание од Лигата на нации каде нашата земја е дел од Ц лигата.

Што се однесува до врвот меѓу првите 5 нема промени, лидер останува Белгија за која следуваат Франција, Бразил, Англија и Португалија, Шпанија и Уругвај ги заменија местата, идентично како и Аргентина и Хрватска кои се распоредени од 6-тата до 9-тата позиција, а најдобрите 10 ги комплетира Колумбија.