МАКЕДОНИЈА НАПРЕДУВАШЕ ЗА ДВЕ ПОЗИЦИИ НА НАЈНОВАТА ФИФА РАНГ ЛИСТА

Македонија напредуваше на најновата ФИФА ранг листа и тоа за две позиции. По победата и ремито на стартот од новото издание на Лигата на нации, нашата земја забележа скок за две места на најновата  ФИФА ранг листа. Нашиот тим славеше во Скопје против Ерменија додека во Тбилиси против Грузија одигра нерешено па така од 68-мото сега напредувавше до 66-то место, кое во мометов го дели уште со селекциите на Саудиска Арабија и Албанија кои како и Македонија имаат идентичнио бодовно салдо или 1351 поен. Можност за подобрување на пласманот нашиот А национален тим ќе има веќе следниот месец за кога е планирано да одигра три средби. Првата веќе на 8.октомври во Скопје кога гостува Косово во полуфиналето од првото издание на Лигат ана нации, а потоа следуваат и нови два дуели од втората сезона на истото натпреварување, гостувањето во Талин кај Естонија и домашната пресметка со Грузија. Што се однесува до врвот на најновата ФИФА ранг листа таму нема промени прва и натаму е Белгија зад неа Франција па Бразил на 3.место. Во ТОП 10 редоследно се уште и Англија, Португалија, Уругвај Шпанија, Хрватска, Аргентина и Колумбија.

Поврзани вести