Македонија на врвот по бројот на починати од Ковид 19, објави Фајненшл тајмс

Македонија урива рекорди по бројот на починати од Ковид 19 во последните седум дена, покажува статистиката на Фајненшл Тајмс. На нивните графикони јасно се гледа дека земјава по бројот на смртни случаи ги надмина сите земји од ЕУ, па дури и земјите како Велика Британија, САД и Бразил, каде состојбата со месеци важи за алармантна. Над 200 починати на 100.000 жители бележи црната ковид статистика во Македонија. Со помалку жртви може да се пофалат и Косово и Црна Гора, пред нас е само Босна и Херцеговина.

Познавачите пак тврдат дека најлошото во однос на смртноста допрва доаѓа.

Во меѓувреме болниците забрзано се полнат, рекордни 1700 пациенти со компликации од Ковид 19 се хоспитализирани ширум земјава. Во тетовската болница 50-тина пациенти се лекуваат на кислородна поддршка, а еден е на респиратор. Докторите велат дека со новиот корона сој бројот на пациенти со компликации е значително поголем, а многу од хоспитализираните биле здрави лица без претходни заболувања, нешто што докторите не го виделе во претходните месеци. Кревети велат има, но проблем е кадарот.

„“ вели Гзим Нуредини од тетовската болница.

Новиот бриотански сој ги покоси младите. Се повеќе млади луѓе, па дури и тинејџери бараат лекарска помош, алармираат докторите. Матичните велат дека деца со сериозно воспаление на белите дробови доаѓале на преглед во ординациите.

И додека светот масовно се имузинира, кај нас вакцинацијата едвај се спроведува и тоа благодарение на донираните вакцини од Србија, со кои се вакцинираа и докторите од ковид центрите, полицајците, војниците на АРМ, наставничките… Она што загрижува е прогнозата на Блумберг дека со ваквата динамика на имунизиција Македонија комплетно ќе го вакцинира населението до 2031 година или за десет години од сега. Во земјава досега се вакцинирани близу 17.000 граѓани, што е само еден отсто од предвидените 1.2 милиони.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста