Македонија молчи за изјавите на Захариева, а од Бугарија најава за ново вето

Бугарија ќе стави вето на пристапните преговори на Македонија со ЕУ ако до јуни не проработи заедничката комисија за историски прашања.Заканата овој пат доаѓа од европратеникот Андреј Ковачев од партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов. Тој во изјава за Еурактив вели дека е против стопирање на работата на комисија поради изборите во Македонија.

“Ако до месец Јуни не проработи историската комисија и властите во Скопје продолжат со факсификување на историјата, Бугарија нема да даде согласност за започнување на предпристапните преговори”, вели Ковачев.

Ковачев се осврнува на прашањето за Гоце Делчев на  кое запнаа преговрите меѓу историчарите. Европратеникот вели дека за Бугарија воопшто нема сомнеж дека Гоце Делчев е Бугарин, но дека во Скопје се настојува на тезите дека себорел за независна Македонија.

Изјавата на Ковачев следуваат само еден ден по оние на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева која рече дека македонскиот јазик настанал во 1945 година на база на западно бугарски дијалект. Таа исто така рече дека Македонија треба да ја признае историјата, а Бугарија реалноста.

Македонското мнр во овие изјави не гледа причина за протесна нота. На прашањето на Алфа дали ќе  се реагира, МНР со одговор.

“Заштитата на македонскиот идентитет, процесот на пристапување кон Европската Унија и добрососедските односи со Бугарија, не само што не се меѓусебно исклучиви цели, туку се целосно комплементарни интереси. Во 21 век во Европа, правото на самоопределување и самоизјаснување не може да биде спорно. Прифаќањето на сегашноста и на минатото, еден благороден процес што го почнавме со Бугарија, мора да се темели токму на ова право”, велат од МНР.

Во одговорот од МНР се вели  и дека Владата останува посветена на добрите односи со Бугарија преку имплементација на Договорот за добрососедство.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста