Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз

Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз

Во лето без клима, во зима без парно, метеж и турканици, хаос на скопските булевари, автобуси остануваат дефект, а некогаш дури и се палат. Ваквата реалност во метрополата не смести во групата на земји со најлош јавен превоз во Европа. А тоа го покажа и извештајот на Европската Комисија која не рангираше меѓу нјалошите држави во областа на јавен транспорт.

Додека останатите земји во Европа, секојдневно бараат начини за подобрување на јавниот превоз, кај нас одговорните немаат предлог за наоѓање на соодветно решение. Речиси половина месец и приватните превозници возат делумно. Чекаат зголемување на цената по изминат километар која последен пат е утврдена пред осум години, а во меѓувреме енормно се зголемени трошоците.

Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа според истражувањето на „Еуроњуз“. Во Скопје само 47 отсто од граѓаните се задоволни од јавниот градски превоз, а понезадоволни од нас се само Албанија и Италија.

Давид Крстевски
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста