Македонија крие, црвените линии на Бугарија познати- дали Заев ќе му удоволи се на Борисов?

Дали Заев е подготвен да и удоволи се на Бугарија и да ги прифати бугарските уцени и условувања? Ова прашање се поставува откако премиерот изјави дека Македонија, не е далеку од договор со источниот сосед. Но, она што загрижува е што веќе подолго време македонската страна не открива за што се преговара и разговара со Бугарија. По изјавата на Заев, од Владата побаравме одговори на прашањата, какви решенија се бараат, за што се преговара, и што бугарската страна бара од Македонија. Но, одговор на овие прашања не добивме, од Владата за Алфа само велат дека се оптимисти. 

-Контактите и размената на идеи меѓу македонската и бугарската влада се во постојан тек бидејќи и двете страни сме вложени во наоѓање решение. И за Северна Македонија и за Бугарија, особено е важно да продолжи европската интеграција на регионот. Оттука, со оптимизам гледаме на можните решенија кои ќе ја обезбедат нашата европска иднина со целосно почитување на македонскиот идентитет, велат од Владата на Македонија.

Додека македонската страна молчи, црвените линии на Бугарија се и повеќе од познати, а за истите има декларација во Собранието која е поддржана од сите партии, а од која Борисов не смее да отстапи. Она што е плус проблематично е што македонскиот премиер воопшто не ни открива пред јавноста, за што разговара со Бугарија.

-Ние не сме многу далеку од договорот, ние само треба да ја имаме добрата волја, да гледаме позитивно и да ја имаме проектирано иднината пред нас. Верувам дека ќе се случи до еве вториот Совет на министри, на 8-ми, 9-ти или 10-ти, кога и да е, една средба и помеѓу мене и премиерот Борисов, изјави Заев.

За проблемот со Бугарија говореше и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, тој вели дека постои размена на понуди и документи, како дека е прашање на време кога двете земји ќе ги надминат недоразбирањата.

-Не мислам дека е време да споделувам со јавноста за понудите или последните документи кои се разменети. Ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија. Многу важен момент е за да демонстрира пред сите граѓани, особено пред нашите сожители Македонци, дека ги делиме доброто и лошото, дека ќе стоиме рамо до рамо заедно, и во решавање на овој спор. Ова е клучен историски момент да се види дека оваа земја има министер за надворешни работи и за работата што ја сработи и за зрелоста, му честитам, изјави Ахмети.

За разлика од лидерите на владејачките партии кои покажуваат оптимизам, песимисти дека Македонија ќе постигне договор со источниот сосед се историчарите. Бугарските барања се апсолутно неприфатливи, дециден е Драги Ѓорѓиев, од македонскиот тим на мешовитата комисија за историските прашања.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста