Македонија ја чека вакцината, регионот со детален план за имунизација

Македонските граѓаните прво ќе се едуцираат па ќе следува вакцинација велат од министерството за здравство.  Свесни се дека постојат  различни мислења и теории кои се шират низ социјалните мрежи, па затоа се подготвува кампања за едукација и за информирање на луѓето. Вакцината нема да биде задолжителна и граѓаните сами ќе можат да одлучат дали ќе ја примат или пак не.

Земјите се подготвуваат за вакцинацијата, владите низ светот се соочуваат со дилемата дали ако е мал бројот на луѓе кои ќе се вакцинираат доброволно, треба да воведат задолжителна вакцинација. Кај нас на оваа тема сè уште не се размислува. Од Министерството за здравство велат дека остануваат на ставот оти вакцинацијата треба да биде доброволна, секој сам да одлучи дали ќе се вакцинира.

Македонија ќе добие вакцини за 400.000 луѓе. Планот за имунизација е во завршна фаза вели министерот за здравство Филипче. Препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни.

За разлика од нас, земјите од соседството веќе со подготвен имунолошки план како ќе ја спроведува вакцинацијата иако и тие го чекаат одобрувањето на вакцините од Европската агенција за лекови.

Д-р Бернард Каиќ од хрватскиот институт за јавно здравје  рече дека вакцината ќе пристигне во четири квартални испораки и дека со секоја испорака ќе се зголемува количината на вакцината, а направен е и план за нејзина дистрибуција.

Приоритетни групи во првата фаза се корисниците на домови за стари лица, вработените во тие домови и здравствените работници“, рече тој.

Тој додаде дека во следните фази ќе се вакцинираат постари лица кои не се во домови и лица со хронични заболувања, но предност мора да имаат најризичните групи.

Сега ќе имаме доволно вакцини за да вакцинираме околу 85 % од возрасната популација, а изгледа сите од нив ќе бидат вакцинирани во првиот квартал следната година“, додаде тој.

Имунизација од еден милион луѓе месечно е вклучена во владиниот план на Грција објави грчките власти. Во исто време, државниот министер вели дека „нема да има примање на дозите доколку не постои апсолутна сигурност за тоа“.

Лекари, медицински сестри, болничари, полицијци ќе бидат првите кои ќе се вакцинираат по Нова година  во Бугарија предвидува националниот план за имунизација.

Вакцините ќе бидат доброволни. Секој бугарски граѓанин кој сака да се вакцинира ќе ја има таа можност да го стори тоа. Ќе бидат целосно бесплатни за сите бугарски граѓани –вели бугарскиот министер за здравство.

И во соседна Србија вакцината е незадолжителна, но испитувањата покажуваат дека само една четвртина би се вакцинирале.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста