Македонија и оваа година ја започнува длабоко заседната во чекалната на ЕУ

Со многу жртви и откажувања, со сменето име, со загрозен идентитет, со историја на распродажба, со неколкупати  добиени датуми, и никогаш почнати преговори, Македонија повторно остана во чекалницата на ЕУ.

Григор Прличев од македонски писател стана македонско-бугарски, најголемиот македонски револуционер Делчев, сеуште е на комисиската историска маса – се одлучува дали бил Бугарин, се откажавме дури и од македонското малцинство во Бугарија. Попусто – датум не добивме.

И шахти брусевме, за да го нема симболот од Кутлеш.

Потпишувањето на договорите со соседните Грција и Бугарија, според Владата требаше да ни овозможи чист пат кон ЕУ, дури и тврдеа дека проблемите веќе се решени.

Но 3ипол години подоцна се чини како многу да изгубивме, а речиси ништо и да не добивме. Дали владата имаше слаба или пак целосно промашена стратегија?

Дел од аналитичарите се погласни, велат џабе го сменивме името.

И граѓаните разочарани, велат пребрзо влеговме во авантурата за промена на името без да имаме стратегија што ако некој друг не блокира како што тоа сега го прави Бугарија. Велат највеќе ги боли што полека ги губиме националните темели.

Македонските институции дури и предвреме почнаа да реализираат дел од договорите со Бугарија и Грција, иако дел од точките требаше да се имплементираат откако ќе започнеме со преговорите и ќе ги отвориме поглавјата каде се потребни измени.

И после сите неуспеси, творецот на идејата за брзи евроинтеграции, како да не сака да прифати, дека и неговите претходните можеа да го сторат истото.. се чини, дека сепак, гледале подалеку од него.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста