Македонија и македонскиот јазик ги нема во честитките на претседателот и екс премиерот за 24 мај

Ниту Македонија ниту македонски јазик во честитките на Заев и Пендаровски за денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. И тоа во моменти кога источниот сосед ни го проблематизира јазикот како услов за интеграција во еу.

Лидерот на СДСМ во честитката вели дека просветителите го афирмирале правото на признавање на секој јазик, но се осврнува на словенско писмо и јазик и во неговата честитка никаде не е споменато името на државата.

“Претседател на СДСМ-Со своето големо дело Светите браќа им го отворија патот на словенските народи, кон описменување … Со нивната успешна борба за признавање на словенското писмо и јазик, Св.Кирил и Методиј го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик”…, се вели во честитката на Заев.

Во неговата честитка на Заев во 2017 пред потпишувањето на договорот со Бугарија се вели дека СДСМ како партија која ја предводи владата ќе се грижи за македонскиот јазик и националниот идентитет.

Шефот на државата пак споменува мајчин јазик.

“И по повеќе од 11 векови од нивното земско битисување делото на Кирил и Методиј е се уште живо. Во 21 век, мајчиниот јазик и неговата употреба е основно човеково право кое е универзално почитувано”, се вели во честитката на Пендаровски.

За разлика од нив бугарскиот премиер Бојко Борисов пак експлицитно се осврнува на Бугарија и нејзината просвета и култура.

“Честит Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост. Со длабока почит и благодарност им се обраќам на сите оние кои, како достојни следбеници на нив, продолжуваат да работат вредно за развој на образованието и културата во Бугарија”, се вели во честитката на Борисов.

Сето ова се случува кога Софија и ги условува пристапните преговори со Европската Унија со забрана за користење на македонски јазик и употреба единствено на службен јазик или јазик согласно уставот. Бугарија според документот кој беше објавен бара и да не се користи терминот македонско малцинство во Бугарија. Од тие причини се поставува прашањето дали се работи за претпазливост или пак за исцртување на контурите на евентуалниот компромис кој Македонија би го направила со Бугарија.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста