Македонија и Бугарија заедно се поклонуваат пред гробот на Гоце Делчев во Скопје

Во тензична атмосфера и со низа инциденти помина заедничко чествување на 150 годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев. Македонските и бугарските владини претставници во придружба на полицијата му одадоа почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев, но граѓаните пред цркавата Св. Спас сепак му ја испратија пораката дека Делчев се борел за македонските идеали.

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска не сакаше да одговори на новинарските прашања дали каква националност е Гоце според неа и за чии идеали се борел…

За Пендаровски заедничкото чествување на македонскиот великан Делчев било оправдано и чин на добра волја. Политичката одлука за заедничката прослава ќе помогнело за намалување на тензиите кои уследија по бугарското вето, изјави Пендаровски. Сепак мислењето на шефот на државата не го делат граѓаните кои беа пред вечното почивалиште на Делчев, кои ја исфиркаа државната делегација.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски немал ништо против заедничкото чествување со Бугарија но само ако се слави големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев.

Под силно полициско обезбедување до црквата Св Спас беше спроведена и група на бугарски државјани кои им порачаа на медиумите дека нема да прифатат навреди кон бугарите во земјава.

Она што не беше вообичаено за одбележувањата минатите години, овој пат силно полициско обезбедување не дозволуваше движење на обичните граѓани до вечното почивалиште на Гоце, но откако заминаа владините делегации беа спроведени од навивачлата група комити, кои испратија порака дека Делчев е македонец.

Како дел од одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, беше отворена и изложба за ликот и делото на македонскиот идеолог и револуционер.

Ивана Соколовиќ Најдова 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста