Македонија ги почна подоготовките за историското ЕП

Мисијата за успешен деби-настап на еден континентален фудбалски собир започна. За жал без моторот на екипата, Енис Барди, поради позитивен корона-тест. Останатите веќе ги одработија првите тренинзи, а од денеска се очекува  тимот да биде комлетиран со Пандев, Адеми и Димитриевски.

„Од првиот момент кога застанав на чело на репрезентацијата реков дека секој собир и секој меч е значаен, зашто се игра за Македонија, без оглед што сега станува збор за настап на Европско првенство. Нашиот пристап останува ист, ништо нема да биде поразлично, како и досега, така и сега ќе се подготвиме максимално за настап на ова ЕП“, изјави селекторт Игор Ангеловски.

Македонија на 1 јуни ја чека дуел со Словенија, а на 4 јуни меч со Казахстан, двата во Скопје, како последен тест пред настапот на ЕП.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста