Македонија единствената земја во светот што има колективен имунитет без вакцини

Македонија е единствена земја во светот што има колективен имунитет по природен пат. Тоа го потврдуваат и податоците дури 60 до 65 проценти од населението веќе го има прележано коронавирусот. Загрижувачки е што колективниот имунитет не го достигнавме со вакцини како останатите земји, туку цехот го плативме со повеќе од 155.000 заразени и дури 5.369 изгубени човечки животи. Според експертите тоа е превисока цена.

Кривата епидемиска се стреми кон долу и би требало некаде до крајот на јуни или почетокот на јули да се соочиме со едно ниво на циркулација на вирусот на споразлично ниво. Друга земја како нашата што на природен начин претежно го гради колективниот имунитет јас не сум слушнал за таква држава. И во таа смисла сме куриозитет веројатно во светот но би рекол секое зло за добро е. Некогаш да си мала држава ете се покажа дека е предност.” – вели професорот Драган Даниловски.

Според докторите единствено оружје во борбата за „старото нормално“ е вакцината, но битката ќе се добие само ако граѓаните сакаат да се вакцинираат, а имунизација се спроведе навремено и брзо.

Она што загрижува е малиот интерес за вакцинација, а според неодамнешната анализа на „Галуп“ Македонија се најде и на листата на држави во кои над 50 проценти од возрасните граѓани се изјасниле дека не сакаат да се вакцинираат.

Од помалите земји во Европа, само Малта има постигнато колективен имунитет но за разлика од нас, таму наместо со илјадници заразени и починати колективниот имунитет се изгради со имунизација – дури 70% од возрасните граѓани со една дозна на вакцина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста