Аналитика: Македонија е „земја на тешки пушачи“

Македонија лидер по бројот на пушачи во регионот и во Европа. Половина од македонското население пуши, во просек по 20 цигари на ден. Македонците имаат најниски цени на цигарите во споредба со седните земји и цела Eвропа,  а најниско ни е и даночното оптоварување што ги прави цигарите достапни за секого,покажува последното истражување на „Аналитика тинк-тенк“.Со ваквите статистики влегуваме во категоријата „земја на тешки пушачи“.

Загрижувачки е податокот дека преку 30 отсто од младите пушат, а многу е застапено и пасивното пушење. Само кај 11 отсто од пушачите во земјава не се пуши дома, а непушачите се изложени на пушење не само во угостителските објекти, туку и во јавните институции. Мажите пушат повеќе од жените, соодносот е 57,9 отсто спрема 39 проценти. Повеќето пушачи користат произведени, фабрички цигари, а рачно виткан тутун само 12,5 отсто. –  велат податоците на „Аналитика тинк-тенк“.

За алармантните податоци проблемот не е јасен, велат од Аналитика, но решението според нив, дефинитивно треба да се бара во поскапувањето на цигарите.

“Просечен пушач кај нас троши 27 евра за цигари месечно што е само шест отсто од просечната плата. Тоа значи дека цигарите се многу достапни, секој може да си дозволи да пуши. Во ЕУ, просекот на пушење е само 29 проценти. Просечната цена на кутија цигари, пак, е 4,9 евра, додека во регионот 2,1 евро што е помалку од половина од европското ниво.” – информираат од „Аналитика тинк-тенк“.

Македонија е драстично полоша и од голбалниот просек покажува истражувањето. Во светот пушат 1,1 милијарда луѓе, што е една седмина од светската популација, а кај нас, пуши една половина од населението.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста