Македонија е четврта во светот по смртност

Врвот на епидемијата во Македонија беше на 22 ноември според вредноста на ефективниот репродукционен број со максимален број на новодијагностицирани. Моментно, неговата вредност се покачува поради зголеменото тестирање и може да се прогнозираат бројките на новозаразени кои ќе продолжат да растат, со константни 950 случаи на ден, вели универзитетскиот професор од Битола Дејан Трајковски.

  • До Нова година бројот на вкупно дијагностицирани ќе биде помеѓу 81.000 и 85.000, средно 83.000 новодијагностицирани. Бројот на активни случаи ќе биде помеѓу  12 и 16.000, средно 14.000 и тука ќе видиме најголемо намалување, а бројот на хоспитализирани ќе биде  до 1.030.

Според стапката на морталитет, од вчера Македонија веќе високо котира во светот вели биктолскиот професор.

  • Македонија вчера изби на седмо место на светската ранг листа според моратлитетотна милион жители, пресметувано со официјалниот рбој на жители од два милиони и осумдесет илјади. Пореалната проценка на морталитет, нашиот ранг е на четвртата  позија и повисоко сме од Шпанија и Италија- вели Трајковски.

Прилеп, пак, според смртноста ја надмина дури и Белгија.

  • Стапката на морталитет во Прилеп ја пред два дена ја надмина стапката дури на Белгија. Ако бројот на починати во Белгија е  146 на сто илјади жители, во Прилеп вчера имавме 152 починати на сто илјади- вели Трајковски.

Сметам дека недостасуваше навремена реакција. Доколку сегашните мерки беа преземени кога го највив  третиот пик на 20 септември, дневните бројки немаше да достигнат илјада, ниту петстотини новозаболени. Секоја задоцнета реакција е исто како да нема реакција, рече денеска професорот Дејан Трајковски, чии статистички  анализи досега беа точни.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста