Македонија до недела на полноќ добива нова Влада: Кабинетот на Мицкоски утре пред пратениците

Македонија до недела на полноќ добива нова Влада: Кабинетот на Мицкоски утре пред пратениците

Новата Влада на Христијан Мицкоски утре пред пратениците, во недела најдоцна до полноќ ќе биде изгласана, од понеделник новиот владин кабинет почнува со работа. Според деловникот на седницата закажана, утре во 11 часот, мандатарот Христијан Мицкоски ќе ја образложи својата програма и предлогот за состав на Влада, по што во Собранието се води единствен претрес. 

Како што кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата со Вреди и ЗНАМ се обединува на четири столба.

-Првиот е најважен – борба против криминалот и корупцијата, вториот подобрување на стандардот на граѓаните односно економската состојба во целина, третиот забрзување на процесот на евроинтеграции на Македонија како држава и четвртиот се разбира дека е рамномерен развој, забрзување на процесот на децентрализација итн, рече Мицкоски.

Мицкоски изјави дека очекува конструктивна дебата, која треба да заврши за два дена, однсоно до недела на полноќ. Владата е избрана ако за неа гласало мнозинство од вкупниот број на пратеници, односно 61. Потоа собранискиот спикер го известува претседателот на државата за изборот на Владата. Новиот владин кабинет на Мицкоски ќе бори 24 члена.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )