Македонија денеска во Финска го игра претпоследниот меч од квалификациите за ЕП 2022

Нашата најдобра ракометна репрезентација денеска на гостински терен против Финска ќе го одигра петотто коло од квалификациите за ЕП 2022. Со 19 ракометари, меѓу кои селектрот Лазаров и помошникот Миркуловски, Македонија ќе атакува на нови бодови, но без резултатски притисок, со оглед на веќе обезбедениот пласман. Во пресрет на претпоследниот квалификациски меч против Финците попладнево од 17 часот, Македонија е втора во групата со 6 бода, колку што има и лидерот Данска, следува Швајцарија со 4 пред Финска на дното без бодови. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста