Македонија денеска против Казахстан во последна проверка пред ЕП

По ремито со Словенија (1-1), нашите најдобри фудбалери попладнево против Казахстан ќе ја имаат последната проверка пред деби-настапот на Европското првенство.

„Се работи за репрезентација со многу млади фудбалери, претежно од нивната лига. Сите ја знаеме Астана, која постојано игра во Европа и секогаш е добра екипа. Ние можеби ќе излеземе во поразличен тим, но нема да има многу експериментирање. Тие што треба да бидат поштедени, ќе бидат, а оние што треба да играат ќе играат“, вели селекторот Ангеловски.

„ Посебно е чуството да се игра пред навивачи. Многу сме среќни што се врати публиката на трибините и се надевам дека во максимален дозволен број ќе ни ја дадат подршката и на дуелот со Казахстан. Нѐ чека добра селекција која играше 1:1 во квалификациите со Украина. Очекувам добар меч. Ние секогаш одиме на победа“, изјави Елмас.

Енис Барди ќе го пропушти и денешниот меч со Казахстан на Националната арена во Скопје од 18 часот поради новиот позитивен корона тест. Барди е без симптоми, тренира индивидуално, но ќе мора да почека до следното тестирање за евентуално враќање во тимот до вторник, за кога е предвидено заминувањето во Букурешт.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста