Македонија дефинитивно ја затвора јужната граница – засега состојбата стабилна

Откако Србија вчера порача дека херметички ќе ја затвори границата, доколку се соочи со наплив на мигранти, денеска и од Македонија најава дека дефинитивно ќе се затвори јужната граница,за да се спречи нов мигрантски бран.Состојбата таму засега е стабилна и без посебни нарушувања.Зголемен е бројот на полициските сили и на армијата,се обновува жичаната ограда и се прават пристапни патишта,изјави денеска Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Во земјава иако веќе е прогласена кризна состојба на јужната граница, нема место за паника. Состојбата будно се следи и кај нас, и на турско-грчката граница.Важно е,вели Чулев, што државата е подготвена да одговори на предизвиците од мигранстката криза и засега нема загрозување на националната безбедност и сигурноста на граѓаните.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста