Македонец заразен од корона вирус

Еден заболен, од корона вирус, од тројцата македонски државјани кај со наоѓаат во карантин на крузерот “Дајмонд Принцес” во Јокохама.

Тоа го потврдија од министерството за здравство и министерството за надворешни работи. Амбасадата на Македонија во Токио е во комуникација со македонскиот државјанин. Останатите двајца Македонци кои  се наоѓаат на бродот се чувствуваат добро и немаат симптоми кои укажуваат на корона вирус.

Во тек е спроведување на тестови за присуство на коронавирусот кај лицата кои се наоѓаат во карантин на бродот соопштуваат јапонските здравствени власти.

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста