Македонците несреќни, ама оптимисти – очекуваат подобра година

Оптимизам кај македонските граѓани за следната година дека ќе биде подобра од 2020та, но во однос на економијата убедени се дека ќе биде економски тешка – покажува последното истражувањето на „Брима Галуп“.

Во земјава скоро двојно повеќе анкетирани очекуваат дека 2021 година ќе биде подобра, во однос на оние 26 %  кои очекуваат дека ќе биде полоша . 22% сметаат дека ќе биде иста и 3% не знаат. Индексот на надеж,  кај нас е над светскиот просек и изнесува 24%.

За разлика од  надежта, кога е во прашање среќата на македонските граѓани таа е многу ниска во споредба со останатите земји.

Во Македонија 29 отсто од испитаниците се чувствуваат среќно, 38 проценти ниту среќно ниту несреќно и 32 отсто  се чувстуваат несреќно. Индексот на среќа изнесува минус 3 проценти , додека во светот индексот насреќа е плус 40.

На прашањето „Во споредба со оваа година, според вас, дали следната година ќе биде година на економски просперитет, економски потешкотии или ќе остане иста за нашата земја?“ на глобално ниво скоро половина од анкетираните граѓани или 46 проценти  очекуваат дека 2021 година ќе биде година со економски потешкотии , 25 отсто  очекуваат дека ќе биде година на економски просперитет и близу на тоа сметаат дека ќе биде иста како и претходната.

Анкетата во Македонија е спроведена на  репрезентативен примерок од 504 во периодот од 1 до 9 декември 2020 година.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста