Македонците, кои од разни причини живеат во странство, со месеци имаат проблем да добијат нови пасоши

Многу време, а и многу пари за да се добие пасош преку амбасада. Македонските иселеници се жалат дека дипломатско конзуларните претставништва наместо да им помогнат, им создаваат повеќе главоболки.

Петар Наумовски, Македонец кој со години живее и работи во Германија за Алфа раскажува со какви проблеми се соочуваат за да добијат патна исправа.

Во овој момент да направите една патна исправа во едно конзуларно претставништво во Германија се потребни накаде околу една година, од закажување на терминот, мобилните екипи , евентуално кога ќе имаат термини за тие да дојдат да ги земат потребните информациии потоа да го процецуираат издавањето на пасошот – вели Петар Наумовски – претставник на иницијативен одбор на Македонци во Германија(MAKEDONIER).

Бројот на  Македонци кои заминуваат во Германија расте од година во година.  Токму затоа алармира Наумовски, не смее да се дозволи македонските државјани да се откажуваат од македонскиот пасош само поради нефункционална амбасада.

Нашата амбасада, нашите амбасади се можеби во еден концепт кој е позастарен систем, тие се на едно ниво на 90-тите можеби, каде сеуште електронската опрема не е навлезена и сметаме дека исто така и персонално не се доекипирани. Затоа со ова иницијатива предлагаме даги доекипираат амбасадите, да ги технички осподобат како сите ние заедно со амбасадите и министерството и граѓаните би имале една успешна соработка која ние ја заслужуваме – вели Петар Наумовски – претставник на иницијативен одбор на Македонци во Германија(MAKEDONIER)

Македонците во Германија имаат иницијатива и бараат формирање на „кол-центар“кој ќе работи 365 дена во годината, па дури и со седиште во Македонија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста