Македонците ги селат своите бизниси во странство, Чифлиганец гради во Грција и Србија

Македонската градежна компанија “Адора инжинеринг” ја сели својата градежна активност од матичната земја во Србија и Грција.

Причина за тоа е, како што вели генералниот директор Ванчо Чифлиганец, неповолната бизнис клима во Македонија.

“Додека во Македонија не се создаде поволна бизнис клима во градежништвото,” Адора инжинеринг” ќе работи вон границите на земјата” изјави Чифлиганец за порталот “Фактор”, додавајќи дека една од причините за преселбата и неможноста за градење во скопската општина Центар во која постои мораториум за изградба на нови објекти.

Според неговите искази, макро развојот на Македонија не е можен без микро и локален развој на општините.
“За македонската економија не постои ништо поважно од тоа да работат бизнисите, бидејќи така се полнат буџетите и на општината и на државата” истакна Чифлиганец, кој се надева дека општина Центар “ќе покаже зрелост” и дека сите институции, вклучувајќи ги и општинските власти, ќе го почитуваат судските одлуки во иднина, бидејќи Уставниот суд неодамна го укина мораториумот за градба.

” Адора” веќе има компанија во Србија која во моментов на Златибор гради елитен стамбено- деловрн комплекс од 7000 квадратни метри.

Чифлиганец вели дека целиот комплекс ќе работи како хотел, со кој ќе управува нова компанија “Адора Хоспиталити Груп” пренесува порталот Фактор.

Тој исто така откри дека компанијата работи на два проекти во Грција, од кои едниот е на Халкидики. Тука веќе се изградени вили со апартмани на продажба, а оваа година започнуваат проект на Тасос каде ќе градат две станбени згради, при што дел од стамбените едини ќе биде наменет за издавање, а дел ќе биде на продажба.

Извор : Blic.rs

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста